Едно урнебесно видео во кое загрепски пензионер зборува за грипот, здравството и пензионерите се шири токму како грип на интернет.

Запрашан од новинарка за епидемијата на грипот што владее во Хрватска еве што одговара 82-годишниот загрепчанец:

– Не постои грип, злато мое. Имам 82 години, никогаш не сум бил болен и никогаш не сум бил кај лекар. Тоа запамтете го сите. Срамота, пензионери го уништија здравството. Ме боли рака, ме боли нога, се ме боли… Вежбај п….. ти м….!, порачува жилавиот загрепски пензионер.