ТВ НОВА – Гевгелија
Епидемиологот Сашко Олумчев:
„Иако би сакал, не се исполнети сите епидемеиолошки критериуми за почеток на училишната година со физичко присуство.
-Очекувам колективниот имунитет во Гевгелија да го создадеме до Нова година;
-Секогаш сум поборник на природниот имунитет во споредба со вакциналниот имунитет;
-Пикот на четвртиот бран би требало да биде во спетември;
-Вакцинацијата е незадолжителна, секој има право на избор, но јас како епидемиолог сум должен да кажам дека вакцината дава резултати!“
Ова се главните поенти од интервјуто кое го даде за ТВ Нова 12, Сашко Олумчев, доктор епидемиолог во Институтот за јавно здравје-Велес, Подрачна единица Гевгелија.
Интервјуто го најави ТВ Нова 12 на ФБ профилот на телевизијата. Тоа што е клучно во ова интервју е што д-р Олумчев засега е единствен епидемиолог кој има храброст да каже дека не се исполнети услови за физичко присуство на децата во училиштата.
Во врска со ова, ТВ Нова во пентите од интревјуто, истакнува:
„Доктор Сашко Олумчев не очекува новата учебна година да започне со физичко присуство. Иако тоа го посакувам, потенцира тој, и поради социјалните и поради психолошките проблеми што ги носи „он лајн“ наставата, гледано епидемиолошки не се исполнети сите критериуми кои гарантираат безбедност и здравје на учениците. Тука мислам на фактот што оваа популација не е вакцинирана, што создава услови на брзо ширење на вирусот меѓу учениците, а од друга страна немаат сите училишта технички услови да ги исполнат епидемиолошките барања за држење дистанца, не групирање помеѓу нив и слично.“
Целокупното извонредно интервју со д-р Олумчев можете да го прочитате на линкот што ви го пренесовме погоре.