Д-р Петар ПОПОВСКИ
Бугаринот Петар Константинов Низамов, пишува: “Ако Самоил е “Македонец”, тогава зашто Василиј е наречен БЛГАРО-убиец в’в византијските хроники, след като ослепува војската му ?”
Мојот одговор гласи:
Добро прашање од Г-ин Низамов. Вие, очигледно, не ја познавате историјата на цар Самоил и на неговото Царство, а го нарекувате “бугарско”. Е па, Василиј II Македонски, кој бил вујко на Самоил и му овозможил да земе дел од неговата Империја и со неа да владее, позната под името “Словенија” (Дивиот Запад го нарекува “Склавинија”), иако ја опфаќала етничката територија на Македонија, бидејќи во тоа исто време веќе постоела држава под името “МАКЕДОНСКО ЦАРСТВО” на чело со Василиј II, кое се простиурало до Централна Азија и Северна Африка, со претстолнина Константинопол. Василиј повеќе пати му советувал на својот внук да не користи наемна војска (Татари), туку етнички Македонци. Самоил не го послушал, со одговор, дека “АКО КОРИСТИ СВОЈА ВОЈСКА, НЕМАЛО КОЈ ДА ГИ ОБРАБОТУВА НИВИТЕ”. Васили II по трето предупредување го изгубил трпението и тој решил да ја исполни заклетвата на своите далечни предци, кога уште на почетокот од VIII-от век17-ет села од Одринско, етнички Македонци, насилно биле иселени во Добруджа од страна на Татарите. Според авторот Symeon Magister, тоа население”КОЕ СЕБЕ СИ СЕ НАРЕКУВАЛО МАКЕДОНСКО И ГО ЗБОРУВАЛЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК”, се заколнало, дека”КОГА ТОГАШ ЌЕ ИМ СЕ ОДМАЗДАТ НА ТАТАРИТЕ”.
Според кажувањето, пак, на авторот на неговата биографијаGeorg Harmatolos,, “ВАСИЛИЈ II РЕКОЛ ЈАС ЌЕ СЕ ОДМАЗДАМ НА ТАТАРИТЕ..!”. Tоа го сторил во1014-та година, кога во подножјето на планината Беласица ослепел 15.000-ди Татари наемна војска на Самоил. Поради тој чин, од страна на самата бугарска наука и историографија Василиј II бил наречен “БУГАРОУБИЕЦ”., што во основа е реално, бидејќи тие биле етнички Татари, кои самите себе си се нарекувале Булвари (Боливари, многу подоцна модифицирано во Бугари). Тоа е вистината Г-ин Низамов. Друга нема. За овие настани пишуваат многу Ваши автори. Земете го, на пример, историчарот Борис Примов и многу други, за да се уверите во тоа што го кажувам.