„Откако ќе го доведете пациентот во состојба на нутритивна кетоза (Нутритивна кетоза е метаболичка состојба во која телото главно користи кетони (произведени од масти) како извор на енергија наместо гликоза (шеќер). Ова се случува кога внесот на јаглехидрати е многу низок, а внесот на масти е висок, како кај кетогената диета, н.з.), се отвора цела низа, нова низа лекови кои можеби биле отфрлени. Тоа се лекови со пренамена (лекови кои се одобрени за други болести, но се покажало дека можат да се употребуваат и кај канцер, н.з.). Но откако телото ќе се најде во оваа нова физиолошка состојба, работите за кои се сметало дека се неефикасни стануваат супер ефикасни. Значи, повторно, тоа е сосема ново поле што ќе се отвори како резултат на тоа штом оваа информација ќе се прошири“, вели д-р Томас Сејфрид, биолог, кој 30 години го истражува канцерот и кој смета дека тој може да се спречи со блокирање на шеќерот и глутаминот како два главни извори кои го хранат канцерот. На прашањето дали смета дека антипаразитскиот мебендазол може да има аспект на блокирање на глутаминот, тој вели:

„Да, тоа е исто така во нашиот труд. Тоа е уште една интересна работа. Лекови против паразити. Не знам за ивермектинот бидејќи имаше многу политички работи околу тоа. Па им реков во лабораторија дека нема да го истражуваме него затоа што не сакаме да навлечеме нечиј гнев. Но, мебендазол и фенбендазол …  зошто луѓето го земаат тоа, и слушате како велат, па, се ослободив од ракот. Па се „нурнав“ во тоа и реков, зошто лековите против паразити делуваат против клетките на ракот? И се покажа дека паразитите користат фосфорилација на ниво на митохондријален супстрат во ткивото и овие, фенбендазол, мебендазол, ги убиваат овие паразити. Па го пробав мебендазолот на клетките на ракот и да, тој го таргетира митохондријалниот супстрат и гликолизата. Значи, сега имаме механизам зошто лековите против паразити делуваат. Но, ракот не е паразит. Тоа не е паразит. Паразитите и туморите користат заеднички метаболички пат, а лек што делува против паразити може да биде многу ефикасен против ракот. И тоа е она што почнуваме да го гледаме, особено при нутритивна кетоза.

Тој смета дека со сегашната терапоја, хемотерапија и зрачење, луѓето умираат непотребно.

„Вие земате болна личност и ја труете и зрачите и сакате да ја направите здрава? Мислам, тоа нема смисла. Јас го нарекувам тоа средновековно мислење. Она што е шокантно за мене, повеќето онколози не знаат дека гликозата ги прави туморите да растат побрзо. Затоа велат јадете што сакате, страшно е да знаете дека лицето што ве лекува за сериозно нарушување, фундаментално нема познавање за биологијата на болеста што ја лекува. Мислам, тоа е многу страшно и вознемирувачко. Бидејќи овие болни луѓе, милиони, одат во овие врвни болници очекувајќи да добијат соодветен третман, а нивните лекари се речиси неинформирани за основниот механизам што го движи нарушувањето на нивниот организам.

Тој објаснува и како канцерогените клетки успеваат да го излажат нашиот имунолошки систем и како нашиот имунолошки систем всушност предизвикува создавање на метастази.

„Еве ја ситуацијата: тие мали израстоци и слични работи, всушност, се детектираат од нашиот имунолошки систем. А ракот е опишан од некои добро упатени луѓе како рана што не заздравува. И имаме имунолошки клетки што реагираат. Сега доаѓам до делот за метастази: тоа е дека имате мал израсток на клетки и велите, па, вашиот имунолошки систем треба да реагира, да влезе во нив и да се справи со нив, и тој многу пати го прави тоа, а понекогаш не. И она што се случува е дека имунолошкиот систем на телото го гледа овој израсток и се обидува да ги контролира тие болни клетки, но клетките испраќаат сигнали што на имунолошкиот систем му изгледаат како рана. И нашето тело го гледа тоа, а потоа исфрла цитокини и фактори на раст за да се обиде да ја залечи раната. Проблемот е, ако имате клетки кои веќе бавно растат, како канцер клетките, тие цитокини и фактори на раст што ги исфрла нашето тело за да ги залечи болните клетки кои му изгледаат како рана, а се всушност клетки на рак, би можеле да ги направат тие канцерогени клетки да растат уште побрзо. Значи, самиот систем во нашето тело што е дизајниран да се обиде да го изгасне пожарот, всушност фрла бензин на оган. Значи, ако ги имате овие канцер клетки, нашиот имунолошки систем не ги препознава: „О, ова е рак“. Тој мисли: „Ова е убодна рана или некаков вид контузија. А фибробластите и макрофагиите можат да го излечат тоа.“ Но, кога станува збор за почетен рак, она што го прави телото е несоодветно и всушност може да поттикне тој мал раст да се влоши и канцер клетките да пораснат. А потоа, тука се случува и спојување на клетките (фузиона хибридизација). Имаме клетки во нашето тело, макрофагии (големи специјализирани клетки на имунолошкиот систем, нз.), и кога тие заздравуваат рани, а раната не заздравува доволно брзо, макрофагиите се спојуваат и формираат повеќејадрени џиновски клетки, кои често ги гледаме кај канцерите. И би рекле: „О, погледнете, нашиот имунолошки систем е преплавен од сите овие дисрегулирани клетки на ракот“. Проблемот е што митохондриите во туморската клетка се абнормални, што доведува до ферментација и дисрегулиран раст. Значи, нашите нормални клетки го гледаат тоа и ги исфрлаат факторите на раст и цитокините, што е како да се фрла бензин на овој оган. И овие клетки се исто така програмирани да се спојуваат и да се обидат да ја завршат работата подобро. Тоа е како пожар со четири аларми: добивате повеќе противпожарни служби таму, и тие се спојуваат сите заедно за да се обидат да го изгаснат овој пожар. Она што се случува е цитоплазмата на клетката на ракот и имунолошката клетка, во овој процес на фузија, ги разредува нормалните митохондрии во имунолошката клетка. Таа клетка е клетката што може да влезе, да помине низ крвотокот, да влезе и да излезе од ткивата и да го инхибира имунолошкиот систем. Тоа е клетката што е метастатска. Тоа е клетката што се шири низ целото тело. Тие викаат… „О, добив рак во црниот дроб. Тој е во мојот мозок, белите дробови, насекаде.“ Тоа се макрофагии. Тоа се нашите нормални, порано нормални клетки кои сега се оштетени. И тие живеат на истите горива: гликоза и глутамин. И за да се изгасне пожарот, за да се убијат овие клетки на ракот – без разлика дали станува збор за единствена локација, тумор на матични клетки кој расте како луд, но не може да се шири, нормалните клетки влегуваат во туморот на матични клетки со цел да го уништат, се спојуваат, но, наместо да го уништат, тие предизвикуваат негово проширување, метастазирање“, вели д-р Сејфрид.

Според него, понекогаш ширењето може да се случи многу рано. Понекогаш ракот е со непознат примарен статус (CUP).

„Имам рак. Го има насекаде низ моето тело“, и не можат да го пронајдат примарното ткиво; не можат да го пронајдат примарниот орган. Ракот со непознат примарен статус претставува 5 до 7% од смртните случаи од рак. И не знам од каде потекнува, но сите клетки во тој CUP, сите се макрофагии; сите се дел од оштетениот имунолошки систем . Значи, нашите клетки кои се дизајнирани да нè заштитат се самите клетки кои нè убиваат“, истакнува д-р Сејфрид.

Тој вели дека е потребно да се знае биологијата на ова. Него му биле потребни 30 години постојано истражување на некои од најдобрите животински модели, најдобрите.

„Потоа само одите во човечката литература и гледате дали она што го кажувам е потврдено со патолошки извештаи од човечката литература, и сè е така. Значи, знаеме точно. Само што, од која било причина, тие или не ја читаат литературата, не ја разбираат литературата, или доаѓаат со начин на размислување што ги спречува да го препознаат она што ви го кажав. Се додека го одржувате тоа тело полно со шеќер и глутамин – или целиот шеќер и храната со висока содржина на фруктоза што ја јадеме – мислам, само дозволувате канцерот да полуди.

Значи, тоа е јасно. Што се случува сега? Зошто нашите предци и некои од примитивните абориџински племиња имале толку ниско ниво на рак? Поради нивната околина: ако сте во средина каде што храната со високо преработени јаглехидрати е минимална и имате многу вежбање… имаме систем за надзор во нашето тело. И ако имаме клетка каде што митохондриите можат полека да се оштетат, таа клетка се уништува, се консумира за доброто на целината. Нашите макрофагии

влегуваат, гледаат дека таа клетка – не функционира; не ги исполнува барањата на општеството – и таа е изедена“, објансува д-р Сејфрид.

Тој објансува и зошто ракот станал толку распространет во последните 50 или 60 години?

„Имаме рак уште од неолитските времиња, но бил многу редок. Се чинел исклучително редок. А сега ги надминува срцевите заболувања како убиец број еден во западните општества. Па што се случува? Им дозволуваме на нашите клетки да станат мрзливи и дебели, а не го надгледуваме телото онака како што треба. Тешко е да се откријат слабите и сакати клетки ако секогаш има вишок јаглехидрати. Тие се помалку вешти во отстранувањето на слабите, сакатите, неспособните клетки, кога сите клетки се дебели и задоволни со целиот шеќер во нашиот систем. Значи, нема потреба да ги откривате овие нерегулирани клетки сè додека, одеднаш, не се најдете со канцерот распространет низ целото тело, или навистина немате голем проблем.

И можете да се вратите назад и да погледнете, повеќето случаи на рак на органи се многу ретки кај организмите што живеат во нивната природна средина. Волците ретко имале рак. Ниеден од нашите „роднини“ – многу малку од нашите „роднини“ примати, шимпанзата, горилата, орангутаните – ракот е многу редок кај овие животински видови, исто како во нашето абориџинско минато. Ракот е исклучително редок. Само во, знаете, последните 50 или 60 години, особено во последните 30 или 40 години, го гледаме ова. Зошто е ова? Што се случува? Причината не е генетска. Целата оваа глупост дека ракот е генетски е луда. Тоа е еколошка ситуација, ситуација на опкружувањето. Разбудете се, луѓе. Тоа е еколошка ситуација“, тврди д-р Сејфрид.

Според него, штом ФДА (Администрацијата за храна и лекови на САД) го одобри сирупот од пченка со висока содржина на фруктоза и штом нашето општество стана позависно од технологијата, ни недостига вежбање.

„Ги полниме нашите тела со гликоза. А шеќерот не е канцероген, но создава системско воспаление. Системското воспаление ќе ја оштети оксидативната фосфорилација. Системското воспаление ви овозможува да бидете инфицирани од вируси, онкогени вируси. Вашето тело едноставно станува послабо кога сте во вакви состојби. Како што реков претходно, имаме епидемија на дебелина. Ова ги поттикнува луѓето кон дијабетес тип 2, деменција, рак, кардиоваскуларни заболувања. Сите овие болести заедно се нарекуваат хронични заболувања поради нашата исхрана и начин на живот. Исхраната и начинот на живот се одговорни за овој проблем.

И знаете, сега се обидувате да сфатите, во ред, што ќе правиме за да се справиме со ова? Како би можеле да превенираме. Знаете, на повеќето луѓе не им е грижа за превенцијата. Некои се грижат; но повеќето луѓе не. А потоа, кога имате рак, луѓето сакаат некаков брз лек. И ги добивате сите овие токсични работи што ви се даваат кога добивате стандардно медицинско лекување. И доаѓаме во ситуација кога имате лош проблем, а потоа само го влошувате“, заклучува д-р Сејфрид.)

(Професорот Томас Н. Сејфрид докторирал генетика и биохемија на Универзитетот во Илиноис, работел како истражувач на Yale University School of Medicine, повеќе од дваесет години е професор по биологија на Boston College (САД). Автор е на влијателната книга „Ракот како болест на метаболизмот“ (2012) и се смета за еден од главните застапници на идејата дека ракот е пред сè, митохондријална болест/ болест на метаболизмот, а не дека се појавува исклучиво од генетички причини.