Филипче и оваа влада и понатаму сакаат да се гради нов Клинички центар на ново место преку измена на Законот за јавни набавки, како нов тип на здравствена услуга која се нуди секаде во развиените земји во светот, во САД, земјите од Западна Европа, пишува инфектологот од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Жаклина Шопова на свјот ФБ профил.
-Но дали Филипче и оваа влада обезбедија вакцини по теркот на развиените земји и соседна Србија или делуваат по принципот на поголеми провизии, без разлика што се работи за здравјето на сите нас!?
-Дали и во развиените земји професионалните здруженија на лекарите, лекарските комори учествуваат само во маркетинг, на лекарската фела и доделување на пофалници, благодарници на лекарите кои беа оставени сами да се справуваат со новиот непријател!?
-Дали и во развиените земји во лекувањето на пациентите не се користеа унифицирани протокли со кои сите добиваа подеднаков третман, без разлика дали се лекуваат во јавна или приватна здравствена институција !?
-Дали во развиените земји пациентите кои боледуваат од други болести мораа да се лекуваат во домашни услови, или да си плаќаат сами во приватните здравствени установи, да им се одлагаат интервенциите, да стравуваат за лековите кои ги примаат за својата хронична болест дали ќе ги има …!?
-Дали и во развиените земји оваа здравствена криза ја користеа политичарите за да го одвлечат вниманието на исплашениот народ, додека тие преговораат за македонскиот јазик , македонската култура, традиција…!?
Дали Филипче и оваа Влада имаат одговор не знам, но знам дека треба да одговараат за сите направени грешки пред законот и сите нас…така е во развиените земји во светот, во САД, во развиените земји во Западна Европа…, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.