Утрово прво министерот Оливер Спасовски, а околу пладне и министерката Радмила Шекеринска се пофали со примена втора доза од вакцината против коронавирусот.

– Со секоја вакцинација му затвораме на вирусот уште една врата во лавиринтот на пандемијата. Денес ја примив и втората доза. Вакцинирајте се!- објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.

Речиси сите политичари од државниот врв примија и втора доза, а илјадници граѓани чекаат на список да ја примат првата вакцина.