Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има двајца хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град, а во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 75 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

– Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациенти и еден нови заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент, наведоа од Министерството за здравство.

Од МЗ додадоа дека во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат седум пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 17 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27
пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти.

– На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 7 болни, а во Куманово 14 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 5 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, додадоа од МЗ.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 126 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство истакнува дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.