Д-Р СОЛАКОВИЌ: Имаме епидемија на рак заради корона вирусот, подобро атомска бомба да фрлеа

/ 25.04.2025

Кардиоваскуларниот хирург и професор на Медицинскиот факултет во Сараево, доктор Емир Солаковиќ, тврди дека последица од коронавирусот е голем број на канцери, но и многу други болести. Докторот Емир Солаковиќ рече дека денес имаме епидемија на карциноми кои се директна последица на коронавирусот.

„Постои нешто што е специфично, наследно, нешто што ние го нарекуваме автоимуна болест и што директно зависи од нашиот имунолошки систем. Имунолошкиот систем е тој што ве штити, кој ја води битката во вашето тело секој ден, без прекин. Канцерогените клетки постојано циркулираат во нашето тело. Кога канцерогените клетки го победуваат имунолошкиот систем, се развива рак“, објасни д-р Солаковиќ, гостин во емисијата Пресинг на N1 БиХ .

Тој исто така рече дека верува оти коронавирусот не настанал природно.

„Тоа беше направено, фрлено меѓу луѓето. Можам да кажам дека она што се случи со короната е најопасното нешто што можеше да го погоди човештвото. Подобро ќе беше да фрлеа атомска бомба, бидејќи на овој начин го уништија имунитетот на луѓето“, рече д-р Солаковиќ, додавајќи дека короната „го уништи имунолошкиот систем“.

„И кога имунитетот паѓа, канцерогените клетки добиваат слободен простор“, заклучува тој.

Затоа денес, според кардиоваскуларниот хирург и професор на Медицинскиот факултет во Сараево, кој го нарекуваат и босанскиот доктор Оз , имаме епидемија на рак, но за неа не се зборува.

„Во болниците, на терен, тоа го гледаме секој ден. Доаѓаат луѓе со рак, со сериозни болести, но никој не го поврзува со корона. Никој јавно нема да каже дека тоа е последица на пандемијата“, објасни д-р Солаковиќ.

Кога заврши пандемијата, заврши и приказната за неа. Но, последиците не исчезнаа. Тие остануваат – и физички и психолошки, тврди докторот. Луѓето се оставени ранливи, ментално исцрпени, многумина завршуваат во психијатриски болници, дури и оние кои на прв поглед изгледаат здрави. Короната, нагласува Солаковиќ, навлегла во сите системи на човечкото тело, особено во најслабите. Напаѓајќи го имунолошкиот систем, ја отвори вратата не само за ракот, туку и за дијабетесот, срцевите проблеми и менталните нарушувања.

Денес луѓето се понервозни од кога и да било, а менталната состојба на нацијата е нарушена, убеден е д-р Солаковиќ.

„Короната навлезе и во нервниот систем, срцето, главата. Не е дека луѓето се под стрес, но многумина буквално полудеа. Тие завршуваат во психијатриски болници бидејќи вирусот го уништи она што ги одржуваше.


Од истата категорија