Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Владко Грозданов прогласи победа на локалните избори во општина Кочани.
-Драги мои сограѓани,
Чест ми е да ви се обратам исполнет со посебно чувство на одговорност и искрена благодарност. Благодарност за вашата доверба, која ми ја дадовте со вашиот глас и којашто за мене не е само победа, туку драга народна задача. Како што ветив, ќе работиме со чист образ од првиот до последниот ден. Ви благодарам што верувавте во мене и во нашата заедничка визија. Време е за неуморна работа за да сплотени го оствариме заслужениот сјај и развој на Кочани. Со почит и посветеност, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Грозданов.




