Помошта за 19-годишниот Виктор Боневски е повеќе од неопходна, а треба да ја собереме сите заедно и брзо. Се бори со канцер, се сретнавме денеска и ветив дека Општина Ѓорче Петров, но и јас како поединец, ќе бидеме меѓу првите кои ќе му помогнеме да ги собере парите за лекување во турската болница „ЛИВ“, истакна градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Знам колку е тешка оваа борба и дека недостатокот на финансии ја прави уште покомплицирана. Многупати сме докажале колку хумана нација сме. Затоа и сакам да ве замолам, да помогнеме заедно. Потребни се 100.000 евра.

Телефонските броеви за донации се: -Телеком 143-122; -А1 143-507;

Верувам и очекувам да се вклучат и голем број на општествено одговорни компании. За контакт, тука е и Дани, братот на Виткор чиј број е 070 47 99 03.

Сметки за донација:
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА – SPARKASSE BANK:
250500024209249
ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВО:
SWIFT: INSBMK22
IBAN CODE: MK07250780007582562

Пс. Виктор е спортист, на пат да стане врвен фудбалер. Да го вратиме заедно на теренот, каде што припаѓа!, вели Стојкоски.