Портпаролот на Владата Мухамед Хоџа според планот и протоколот го најави како говорник министерот за земјоделство од СДСМ, Љупчо Николовски, но тој денеска не доби збор на прес конференцијата за петте закони за Бехтел и Енка кои власта сака да ги носи со ЕУ знаменце.

Првиот вицепремиер Артан Груби наспроти најавата на Хоџа рече дека Николовски нема да зборува на прес конференцијата.

За уште еден најавен член на Владата Груби рече дека немало да зборува затоа што неговиот закон минал, но за Николовски не даде никакво објаснување туку само грубо рече дека Николовски нема да зборува.

Владини извори, како што објави порталот Експрес, тврдат дека има проблем во владината коалиција за одлуката да се носат закони со европско знаменце, но засега нема потврда дека тоа е причината што Груби на груб начин му го одзеде правото на Николовски да проговори.