Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ утрово, говорејќи за првиот секретар во Хрватската амбасада, Хрвоја Шнаједер, кој е прогласен за персона нон грата, изјави дека дипломатите не смеат да се занимаваат со разузнавачка работа, јави дописникот на МИА од Белград.
Дачиќ за ТВ Пинк изјави дека одамна е дефинирана Виенската конвенција за правилата за однесување на акредитираните претставници на дипломатските конзуларни претставништва, каде што е дефинирано дека не смеат да се мешаат во внатрешните работи и во разузнавачката работа.
– Многу служби имаат свои овластени претставници. Едно е кога имаш овластени претставници, па велите дека можат да работат дел од тие активности, но овде зборуваме за дипломати кои не можат тоа да го работат, рече Дачиќ.
Тој изјави дека српските безбедносни служби собрале информации и дека ја известиле хрватската страна дека има неправилности во работата, за тие самите да го повлечат Шнајдер и да го избегнат протерување, но Хрватска тоа не го сакаше.
– Не би се ни занимавале со овие прашања доколку не рекоа дека се изненадени. Сите се информирани, изјави Дачиќ.
Тој додаде дека Хрватска одговорила со реципроцитет, прогласувајќи го за персона нон грата Петар Новаковиќ, советник во српската амбасада во Загреб, како и да Белград побарал докази зошто е протеран.
– Тие го прогласија Петар Новаковиќ, кој дојде во септември (во Загреб) да се занимава со конзуларни работи. Очигледно прашање е дека некој е прогласен за персона нон грата колку да се претстави во лошо издание, рече Дачиќ.
фото: МИА Архива