Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во еднодневна посета на Унгарија.
Дачиќ во Будимпешта ќе се сретне со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто.
Попладнево е предвидено српскиот министер да се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во ноември минатата година, Дачиќ и Сијарто на маргините на министерскиот состанок на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Софија разговараа за важноста од зајакнување на регионалната соработка преку иницијативи како што е ЦЕИ.