Робин Крафорд, долгогодишната пријателка на Витни Хјустон, наскоро ќе издаде книга со мемоари насловена како „Песна за тебе: Мојот живот со Витни Хјустон“. Седум години по смртта на популарната пејачка, во јавност ќе излезат детали кои се повеќе ги подгреваат шпекулациите кои со децении го следеа односот меѓу Хјустон и Крафорд дека тие биле многу повеќе од пријателки. Според тврдењата на нивни блиски Крафорд била најголемата љубов на несреќната пејачка.
Според најавата Крафорд дефинитивно одлучила да го прекине молкот и да ја раскаже својата потресна животна приказна во која големо влијание имала славната пејачка.Во книгата се очекува таа да ги раскаже деталите од нивниот љубовен живот, кој со децении се држеше во тајност.
Нивното пријателство почнало во раните 80-ти години кога биле девојчиња од Ист Оринџ во Њу Џерси. Крафорд била со Витни од почетокот на нејзината кариера, како и нејзина поддршка низ ужасниот брак со Боби Браун. Двете биле практично неразделни, Работеле заедно 15 години, а наводно толку траела и нивната љубов, а во 2000 година мирно се разделиле. Дали тоа било причина Хјустон уште повеќе да потоне во зависност, веројатни никогаш нема да се дознае.