Барт ЕРМАН

(авторот е професор по Новиот завет на Универзитетот во Северна Каролина, САД)

Според Евангелието по Марија Магдалена, се чини дека таа е омилената следбеничка на Исус. Идејата започнува со тоа дека имало жени апостоли во најраниот период на црквата – дури и според самиот Павле – и укажав на една стара традиција дека Марија всушност била првиот апостол. Тоа произлегува не само од Евангелието според Марија, туку и од други делови од раната христијанска традиција, каде Марија и Петар понекогаш биле прикажани во спор околу тоа кој е број еден апостол!

Како што наведов, ова гледиште дека Марија била првобитната апостолка – таа е одбрана да ја каже добрата вест за Христовото воскресение – веќе се наоѓа во книгите на Новиот завет. Во Евангелието според Марко, Марија Магдалена заедно со Марија, мајката на Јаков и Салома, доаѓаат на гробот на третиот ден, дознаваат од еден млад човек таму дека Исус е воскреснат, а потоа им е кажано да одат да им кажат на учениците.

Во овој извештај, точно е, тие никому ништо не кажуваат „зашто се плашеа“ (Марко 16:8). И овде нема збор за тоа дека самиот Христос им се јави на овие жени (или на другите ученици). Но, во подоцнежното Евангелие на Матеј, Марија заедно со „другата Марија“ не само што дознале за воскресението на Исус од ангел кај гробот, туку и им е наложено да им кажат на другите. Самиот Исус им се јавува на жените и им наложува да „кажат на моите браќа (т.е. на мажите ученици) да одат во Галилеја; и таму ќе ме видат“ (Матеј 28:11).

Не ни е експлицитно кажано дека жените го направиле она што им било кажано, но дознаваме дека учениците патувале во Галилеја и дека Исус им се појавил таму – така што може да се претпостави дека жените ја исполниле задачата. Во последното новозаветно Евангелие што е напишано, тоа на Јован, самата Марија е издвоена како прва што го видела Исус воскреснат од мртвите. Според ова Евангелие, Марија доаѓа сама до гробот, го наоѓа празен и оди да им каже на Петар и на „љубениот ученик“. Тие се тркаат еден со друг до гробот за да видат дека телото на Исус не е таму. Кога се враќаат во своите домови, Марија е оставена надвор од гробот, а Исус одеднаш и се појавил. Таа го смета за градинар и прашува каде го однел телото. Но, тогаш тој ја вика по име: „Марија“. И таа го препознава.

Исус ја задолжува да им каже на учениците дека ќе се вознесе на небото, а таа прави како што ѝ е кажано. Овде Марија е првата која е задолжена да го објави воскресението. Во ова Евангелие, Марија е првиот апостол. Зачудувачки е што во другите преданија што ги имаме, не Марија, туку Петар е првиот што го видел Исус жив по неговото распнување. Така е, на пример, во Евангелието по Лука, каде што не се спомнува дека Исус им се појави на жените на гробот, туку има неколку приказни за неговото појавување на неговите следбенеци мажи. Првото појавување е на Петар, како што објавуваат учениците: „Тој му се јави на Симон“ (Лука 24:36). Но, дури и овде, пред да се појави Исус на некого, жените – Марија Магдалена заедно со Јоана, Марија, мајката на Јаков и неколку други жени – го откриваат празниот гроб и ги известуваат учениците.

Мажите, следбеници на Исус не веруваат вот ао се додека тој не им се појавува. Уште повпечатлив е најраниот извештај за Исусовото воскресение што го имаме, а не се наоѓа во евангелијата, туку во писмото на Павле, околу петнаесет или дваесет години пред да бидат составени евангелијата. Во своето прво писмо до Коринтјаните, Павле ги потсетува своите следбеници на пораката што првично им ја испратил кога се обидувал да ги убеди да му се придружат во неговата вера во Христа:Зашто, како прво, важно е дека ви го предадов она што јас го примив, дека Христос умре според Писмото и дека е погребан; и дека воскреснал на третиот ден според Писмото, и дека му се јавил на Кифа, а потоа на дванаесетте. Потоа им се јави на повеќе од петстотини браќа одеднаш… Потоа му се јави на Јаков, а потоа и на сите апостоли. Најпосле, тој ми се појави и мене“.

Интересно е што Павле никогаш не ги спомнува жените кои ја откриле празната гробница. Всушност, тој никогаш не ја спомнува празната гробница. Или жените воопшто. Било која жена. Наместо тоа, тој се осврнува на појавувањата на Исус по неговата смрт. И сите појави се кон мажи (освен ако некој сака да тврди дека „петстотини браќа“ ги вклучувале „браќата и сестрите“; но ако тоа го мислел Павле, барем не е тоа што го рекол).

Некои научници мислат дека Павле ги раскажувал само приказните за Христовото појавување за кое знаел. Тоа би значело дека приказните за жените на гробот не биле широко распространети меѓу раните христијани.

Некои научници сметаат дека главната цел на Павле е да даде докази за христијанските тврдења за Исус. Доказот дека тој умрел е дека бил погребан; а доказ дека воскреснал е дека потоа се појавил жив. Тоа е поентата на Павле кој се ограничил да ги именува само мажите на кои Христос им се појавил, бидејќи сведочењето на жените не би било допуштено на еврејски суд.

Ова можеби е точно, но тешко е да се знае што навистина Павле сакал да постигне и зошто не ги споменал жените. Она што е јасно е дека постоеле две спротивставени традиции во раното христијанство. Во еден сет на преданија, Исус за прв пат и се јави на Марија Магдалена (а можеби и на други жени); во другиот првпат му се јавил на Петар (а можеби и на други мажи).

Една од причините зошто ова е интересно е тоа што постојано сме виделе преку нашата дискусија за Марија дека постои постојан прилив на приказни кои ја покажуваат Марија Магдалена во конкуренција со Петар. Или барем дека Петар постојано се вознемирува поради високиот статус што на Марија и го дава Христос. Па така, во Евангелието на Тома, Петар бара Марија да ги остави Исуса и учениците, „зашто жените не се достојни за живот“. И во Евангелието по Марија, Петар тврди, на типично вжештен начин, дека откровението на Марија не можело да дојде од Христос, кој не би ги открил своите тајни приватно на жена, а не јавно на мажите. Овој натпревар меѓу Петар и Марија се чини дека се навраќа на нашите најрани традиции – од кои некои тврдат дека тој бил првиот што го видел Исус воскреснат од мртвите, а други кои ја поздравувале неа.