Денеска е 6 февруари (според стар стил) и се слави Св. Вукол, епископ смирненски.

Ученик на свети Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна.

Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта, Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господа.