Сите донирани вакцини од Бугарија ќе ги аплицираме пред истекување на рокот на употреба, велат од Министерството за здравство, откако денеска беше соопштено дека истичниот сосед ќе ни донира 51.480 дози на вакцината „Фајзер“ со рок на траење до 30 септември 2021 година.
Министерството за здравство информира дека согласно точните проекции за потребите за ревакцина со вакцината на „Фајзер“, како и големиот интерес за прва доза од овој производител, сите дози ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност.
Инаку, кога некој произод е пред истекот на рокот, обично се дава попуст или пак се даваат два производа по цена на еден. Е, сега, ова се вакцини, не кроасани, ама пак кој знае…?