Странски стартег и медиумиски гуру, кој му помагал на Вучиќ, повикан како „џокер„ да го крева ужасно слабиот рејтинг и да спасува од се поизвесниот пораз на избрите – дали Пендаровски во битката за втор мандат, потајно го ангажирал израелскиот политички „маг“ Асаф Еисин, анализира Телевизија Алфа.
Пендаровски остро демантира, но дел од медиумите добиле потврда за средба, но без детали дали паднал договор или станувало збор само за кафе муабет. Потенцијалниот скандал го отвори Николоски.
„Дали тие луѓе ќе му ја водат кампањата? Ако тие му ја водат кампањата, дали тоа ќе го пријави во антикорупциската комисија? Зошто ако не го пријави е кривично дело? И колку тоа ќе го чини и од каде ќе ги најде тие средства? Како што би сакал да ги праша овие од СДСМ, дали е вистина или не, дека исто така имаат ангажирано странски куќи да им ја работат кампањата, кои што ангажираат домашни институти да им прават анкети и бројките се повторно исто лоши“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
По ова обвинување на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ стигна ескресен демант од кабинетот на Пендаровски, дека досега ниту тој, ниту неговиот кабинет не користеле странски комапнии за анкети и стратегии, а така ќе било и за време на оваа кампања.
„За ангажман на анкети и стратези за мојата претстојна кампања се потрошени 0 денари“, напиша Пендаровски на Фејсбук
И покрај упорните, дводневни деманти на Пендаровски, потврда дека странски стратези биле кај претседателот, доби само Радио Лидер, кое објавува дека средба имало, но без детали дали на неа било нешто договорено. Според овој медиум, Пендаровски сепак се сретнал со израелецот Еисин.
„Информацијата која ја сподели Николоски е точна, Пендаровски имаше консултации со Асаф Еисин. Дали се договорија за изборна соработка или стануваше збор за преговори или некаква форма на консултации околу неговиот наратив, не можам да коментирам“ изјавил изворот на Лидер од претседателскиот кабинет.
Инаку, израелец Асаф Еисин е познат како консултант на српскиот претседател Александар Вучиќ и со години се споменува како главен креатор на победничките изборни кампањи на првиот човек на Србија. Сепак, Еисин не е исклучиво „човекот на Вучиќ“, туку го има употребено своето ПР знаење во политичките кампањи од Триглав до Карпатите.
Претходно тој работел и за Борис Тадиќ, но и за Ненад Чанак, кои своевремено му беа опоненти на Вучиќ. Но подоцна е преземен од страна на српскиот претседател. Досега соработувал со политичари во Словенија, Босна и Херцеговина, Австрија, Србија и Романија.
Извор: Телевизија Алфа