Со строгиот кодекс на облекување на кој членовите на британското кралско семејство треба да се придржуваат, вистинско чудо е што Кејт Мидлтон и Меган Маркл успеаја да се наметнат како модни икони.

На убавите војвотки им е забрането да покажуваат боси нозе, раменици, деколте … А како тоа да не им е доволно, двете се придржуваат кон едно модното правило кое нема никаква врска со кралското семејство, но тоа е тајната на нивниот беспрекорен стил.

А тоа е една боја што и двете ја избегнуваат, а ја избегнувале и пред да стапат во брак со британските принцови. Можете ли да погодите за која боја станува збор?

Војвотките никогаш не биле видени во портокалова боја од една едноставна причина поради која неа ја избегнуваат и други славни личности.

Имено, портокаловата боја речиси никогаш не изгледа добро на фотографиите и ретко некому стои добро, објаснува стилистката Дејзи Шуберт.

Од друга страна, кралицата Елизабета Втора не се заморува со тоа и носи портокалова и покрај лоша репутација на бојата.