Фотографијата на филмската ѕвезда Гвинет Палтроу,  на која пие мартини во базен, ја објави нејзиниот пријател, американскиот новинар Дерек Бласберг, а потоа корисниците на социјалните мрежи ја претворија во меме.

Под фотографијата тие додадоа текст, со кој во духовит стил, го опишуваат овој момент од одморот на Гвинет.

„Јас, кога за време на happpy houra се преправам дека ги слушам моите пријатели, но всушност размислувам за пенис, гласи забавната порака, која се прошири со брзината на светлината преку Интернетот и дојде до Гвинет.

Актерката немаше ништо против оваа шега, а според нејзиниот коментар, очигледно многу се насмеала.

„Па зарем тоа не е проклета вистина”, напиша актерката под  мемето.