Само неколку луѓе во светот можат да си го дозволат овој фустан.
Со прескапата венчаница со кристали, египетски дизајнер го затвори модното шоу.
Дизајнерот Хани Ел Бехаири ја создаде најскапата венчаница во светот, вредна 15 милиони американски долари, а ја носеше познатата египетска актерка Маи Омар.
Фустанот е украсен со кристали и има вел со ѕвези на него, долг неколку метри. Предниот дел е пократок за да ги открие нозете, додека задниот дел се протега на подот. Идеален модел за оние дами кои сакаат гламур и луксуз.
Овој дизајнер е познат по своите екстравагантни парчиња, но тој се надмина себеси со овој фустан. На сметката на креацијата пристигнаа само позитивни коментари. Што мислите вие?