Обврската да се вакцинираат против Ковид-19 во Чикаго за тие кои имаат конткат со децата во училиштата, поттикна многу возачи на училишни автобуси да дадат отказ, пишува Фокс 32 Чикаго.

Јавните училишта во Чикаго вчера соопштија дека 90 возачи на автобуси дале отказ од 23 до 27 август. Околу 70 од нив поднеле отказ во еден ден.

„Според автобуските компании, напливот на оставки најверојатно е поттикнат од барањата за вакцинација“, велат од училишната област. Како и во многу области низ САД, и јавните училишта во Чикаго очекуваа недостаток на возачи на автобуси пред градот да ги објави задолженијата за вакцинација.

Загубата на уште 10 проценти од возачите остави 2.100 ученици без превоз. Одговорот на округот? Да им се плати на учениците да си најдат сопствен превоз: 1.000 долари за првите две недели на училиште и 500 долари месечно после тоа.

Јавните училишта во Чикаго сега имаат на располагање 770 возачи на училишни автобуси. Идеално, им требаат уште 500 повеќе.

Така е тоа во САД. Во Македонија никој не се грижи за тоа дали возачите на автобуси кои превезваат деца и воопшто во јавниот превоз се вакцинирани. А плаќање на првозот на децата за кои училиштата под капата на Царовска немаат обезбедено?