Две години пред да биде предаден и убиен во 1906-та година во близина на беровското село Русиново, новинарот на рускиот весник „Новое времја“, Кирилов успеал да направи интервју со него за развојот на македонското револуционерно движење, за слабите резултати од Мирцтегшките реформи, но и за однесуваwето на српската и бугарската влада кон Македонија.

На прашањето на новинарот, зошто се до востанието во Македонија не се забележувал големиот антагонизам меѓу Србите, Грците и Бугарите во однос на Македонија, Даме Груев, меѓудругото, одговорил:

„Грците секогаш биле најголеми непријатели на Македонците; до Востанието тие својата национална пропаганда ја ограничуваа на определени реони, немаше преминување на села од Патријаршијата кон Егзархијата, и обратно. Исто така, без директен повод за раздразнување на националните чувства, Бугарите и Србите како да се беа приспособиле кон постоечкото статус кво. Освен тоа, во тоа време нивните национални интереси силно се маскираа со очекуваното од сите претстојно востание“, му одговорил Даме Груев на Кирилов во 1904-та година.