Досегашниот тренер на фудбалерите на загрепски Динамо, Дамир Крзнар, поднесе оставка по вчерашната елиминација од Риека во четвртфиналето на хрватскиот куп.

Раководството на Динамо, во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, соопшти дека навремено ќе ја информира јавноста за следните чекори.

Динамо веќе в недела го очекува вечното дерби против Хајдук од Сплит, а идниот четврток му гостува на лондонски Вест Хем, во последното коло од групната фаза во Лига Европа.