Борис Дамовски, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, проговори за иницијативата до Уставен суд за изборот на Талат Џафери за претседател на Собрание, што ја доставија со Богдан Илиевски пред повеќе од две години.

„На 17 мај 2017 побаравме од Уставен да ја преиспита уставноста на изборот на Талат. Од тогаш – ни писмо, нит разгледница. Историјата еден ден ќе каже кој бил судијата во чија фиока лежи претставката покриена со мрсен бурек“, објави Дамовски.