Владиниот советник Дане Талевски го навлече гневот на граѓаните на социјалните мрежи откако на Канал 5 вчера ги навреди гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, пишува скопска Република.
Конкретно тој изјави дека „најголемата партија во Македонија и нејзините 450.000 гласачи се најголемо зло”.
Талески е советник на премиерот во заминување Зоран Заев и најверојатен нов амбасадор во НАТО.