Пејачот Даниел Кајмакоски ја потврди веста дека се разведуваат со сопруга Кристина. Тој напомена за „Бекстејџ“ дека ова му е прво и последно обраќање во јавноста за оваа тема.
Пред неколку дена во македонските медиуми одекна веста дека пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга се разведуваат.
Она што се случува во приватниот живот на пејачот, како и тоа дека повеќе не живеат во заедница, го откри нивен пријател.
Тој и Кристина беа три години во брак, и имаат син Давид.