Времето во Република Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд.

Според синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во западните делови од Македонија.

Минималната температура ќе биде три, а максималната 23 степени Целзиусови.