Данската Влада најави дека има за цел значително да го зголеми снабдувањето со обновлива енергија и привремено да го зголеми производството на природен гас во Северно Море, со цел земјата да не биде зависна од руските енергенси.
– Ќе го зголемиме производството на природен гас во Северното Море во ограничен временски период. Убедени сме дека е подобро да се произведува гас во Северното Море, отколку да се купува од Владимир Путин, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.
Таа додаде дека Данска би можеле следната година да биде независна од рускиот гас.
– Но, бидејќи сме дел од европската гасна мрежа, потребно ни е и другите земји да станат независни, посочи Фредериксен.
Данската Влада ги претстави плановите за драстично зголемување на производството на енергија од обновливи извори на енергија – ветер и сончева енергија, како и воведување единствен данок за компаниите на јаглерод диоксид што се испуштаат во атмосферата од компаниите.