Американски Пентагон сопшти дека ја одобрил продажбата на проектили воздух-воздух во две европски држави и тоа токму на денот кога претседателот Доналд Трамп е на Самитот на НАТО во Брисел.

Продажбите се однесуваат на 200 напредни среднострелни проектили воздух-воздух за Велика Британија во вредност од 650 милиони долари, како и 28 проектили од истата марка за Данска чија вредност изнесува 90 милиони долари.

Главен догворач за двете зделки со владите на Велика Британија и на Данска е фирмата Рејтеон од Тусон, Аризона.

Во меѓу време, се нјавува и нова тешка зделка со Саудиска Арабија чија вредност би изнесувала фантастични 114 милијарди долари.