Данската влада денеска одлучи учениците од основните училишта да посетуваат учење на далечина во последните неколку дена пред божиќните празници и нареди ноќните клубови, баровите и рестораните да се затворат на полноќ, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.
Премиерката Мете Фредериксен појасни дека тие се забрануваат концерти со повеќе од 50 луѓе кои стојат и дека посетителите на рестораните се обврзани да носат маски кога не седат, а на вработените им препорача да работат од дома.
Мерките ќе почнат да се применуваат од петок и треба да траат четири недели.
Училиштата ќе преминат на онлајн настава во среда, 15 декември. Божиќниот распуст во Данска почнува на 20 декември.
Зборувајќи за новиот сој на коронавирус, омикрон, Фредериксен рече дека се очекуваат повеќе инфицирани, повеќе болни, а со тоа и потенцијално повеќе хоспитализирани пациенти.
– Новата варијанта носи и значителен ризик од критично преоптоварување на здравствениот систем и затоа сега треба да направиме повеќе, рече таа.