Данска со пресврт во второто полувреме ја совлада Франција во натпреварот за бронзениот медал на ЕУРО 2022 и покрај тоа што настапи без неколкумина првотимци меѓу кои беше и Хансен.

Победникот беше решен во продолжението откако по 60 минути ракомет беше 29:29 а Данска во второто полувреме три пати се враќаше од негатива.

Најефикасен за победикот беше Холм со 10 голови, за Франција се издвои Махе со 8 голови.

Финалето меѓу Шпанија и Шведска ќе започне од 18:15 наместо во предвидениот термин од 18 часот.