Публиката беше во војна со Медведев  за време на финалето на Австралија Опен против Надал.

Русинот негодуваше на постојаните реакции и дофрлања од трибините, сите во корист на неговиот противник. Тоа го натера да реагира кај судијата и да му сугерира да дава почести опомени кон фановите.

„Тие се идиоти, немаат мозок, мозокот им е празен. Веројатно им е многу лошо во животот. Може ли да ти побарам услуга? Можеш преку микрофон да кажеш дека секој што вика е идиот?“, гласеше пораката на Медведев.