Некогашниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше осуден за злоупотреби пред дваесет години, а неодамна се врати во Македонија од Србија, каде беше во бегство, денеска беше пуштен од затворот „Идризово“ по 35 дена, а камерата на „Телма“ го забележа моментот и првата снимка на Даравелски пред македонската јавност по две децении.

Даравелски на слобода ќе го дочека новото судење кое фактички нема ни да го има, бидејќи делото е застарено, откако Основниот и Апелациониот Кривичен суд направија ујдурма според која Даравелски во овие 20 години немал појма дека е осуден. Поради тоа, тие дозволија повторно судење на кое само ќе биде констатирано дека делото застарело по што Даравелски ќе остане на слобода.