Дарко РУСЕВСКИ

Министерство без компас!

Колку што можев да разберам од интервјуто, се работи за следново:

Министерството за образование НЕМА план како да ја спроведе наставата без физичко присуство, затоа што, ако забележавте, министерката кажа многу површни и плитки работи, генерализира, без да се задржи за ништо конкретно и се повторуваше многу пати за неколку исти работи. На пример: ќе направиме – двестотини пати, се работи на случајот – сто пати, онлајн платформата – сто пати, тоа ќе помогне – двестотини пати…

Па образува половина реченица во која не кажува ништо, тоа е едно триста пати и после тоа следува уште една реченица чија содржина е веќе позната, без да каже што е досега направено, повотрно – триста пати. Знаете ли зошто го прави тоа? Затоа што нејзиниот претходник, а и таа сега немаат НИШТО направено. А требаше да биде изготвено многу поодамна, како што впрочем кажуваа и епидемиолозите на кои се повикува дека чекала анализи од кај нив, а тие сите до еден јавно даваа предлози! Па оди прашај ги, министерке!

Министерката кажува работи кои ќе ги преземе, за кои работи не ти треба многу размислување за да се досетиш, затоа што зборуваше на памет и не презела никакви мерки. На пример: наставата ќе продолжи онлајн за децата со хронични болести, тоа е логично (тоа се 0.1 отсто од децата во државата, камо таа среќа сите да беа здрави). А останатите!? Ќе воведеме интернет во училиштата (за да имате комбинирана настава мора да имате интернет во училишта). Се обидуваме да направиме комбинирана настава (па да де, тоа ви го побараа и учениците), имаме онлајн платформа (која никој не ја видел, онлајн платформа да не е еден вид на ново митско суштество за кое не сме слушнале?). Ќе има обучени кадри за да ја пренесат обуката⁉️ Уште па важен факт: биле наградувани? Каде? Во државното училиште каде предава од директорот? На што ви личиме ние што ве слушаме? На морони? За обука која лично мене ми требаше додека работев во фирма која годишно прави капитал колку 50 Македонии, а која платформа е една од посложените ми требаше 20 мин! Кажувате како обуката да предвидува и изградба на вселенска станица.

Министерката не сака да преземе НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ па, ако забележувате, вели: за интернетот се задолжени општините, за програмата се задолжени од информатичко општество, за епидемиолошката слика се задолжени епидемиолозите, за платформата се надополнувала (со што!?), тие институции го следат квалитетот и сл., а што прави во меѓувреме Министерство за образование? Па тие ќе направат по должност тоа што го вели Царовска, но каква одлука донела Царовска во сиве овие месеци, или допрва чека анализи небаре додека траеше полицискиот час и затворањето на објектите беше да испита дали има вода на Марс? Септември месец е, и кажа ли некој на Царовска!?

За санитарните јазли и хигиената во училиштата не сакам да зборувам, површно би било, затоа што ниту има сапуни, ниту тоалет, ниту средства за дезинфекција, но затоа синот на Локвенец доби стипендија од 113.000 долари, таман да ги опремиме сите училишта со средства за 4 месеци… А, уште па додава дека ќе реконструирала училишта!? Ајде мајката! И на тоа додава: градење по план!? Кој план? Не заковавте шајка овие 3 години.

Ја цитирам Царовска: денот на нашата независност на нашата држава!

Царовска: не ја носиме одлуката ние како родители. Па потоа вели: родителот ако не сака да го пушти детето доставуваме материјали до дома!? Е па донесуваат родителите одлука или не? Или ќе ги казнување доколку не ги пуштат децата на училиште? За да потоа каже: јас ќе ги вклучам младите во донесувањето одлуки! Почесто и по телефон… А на скајп!? Се слушаш⁉️ Знаеш кај тераш?

Министерката НЕ ЗНАЕ дали во училиштата (а тоа е нејзин ресор) може да се изведува физичка настава, пак чека анализи.

Стручните училишта ќе слушаат теориска настава од дома, а ќе одат на пракса лично!? Како ќе се изведе!? Со 30 луѓе во една просторија доколку треба да се одвива праксата во училиште? Таман да ја искомплицираат дополнително работата. Како ќе ги заштите учениците ако праксата се одвива во училиште!? Еден ист професор ќе предава на исто оделение 4 пати!? А кој ќе држи предавања по теорија!? А ако праксата се прави на друго место? Како ќе ги заштитите и работниците на тоа друго место и учениците таму? Тоа е конкретно прашање кое бара конкретен одговор, не празни флоскули на министерката!

Протоколите во случај на заразено лице во било кое училиште ќе ги утврдува епидемиолог, за секој посебен случај и за секое посебно училиште? Колку епидемиолози имаме во државата да можат да одговорат!?

Дали вие како слушатели и читатели дојдовте до заклучок или си создадовме слика како ќе се одвива наставата и дали имаме услови за онлајн и настава во училница!? Јас не!

Со ГОСПОД напред!