(ВИДЕО) ДАШТЕВСКИ ВО „ОТВОРЕНО“ СО КОРОВЕШОВСКА: Непоправлива штета носи претепување на Јанакиевски и Ристовски и сликата на Чавков од Шутка

/ 25.02.2019

Во емисијата „Отворено“ со Искра Коровешовска, политичкиот аналитичар Александар Даштевски нагласи дека тортурата во последно време многу добива на значење.

Настанот со претепување на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски може да и нанесе голема штета на државата односно пред се на власта. Голема штета се нанесува и со сликата од истражниот затвор на која се гледа како се шета во затворот поранешниот министер Митко Чавков.

-Ова е трет пат како се случуваат многу лоши работи и тие излегуваат на површина. И не може сега да се бара поединец, институција или политичка партија која ќе биде виновна. Бидејќи државата е должна добро да ги обезбедува затворите. Ако не е извршена таа должност тогаш државата не функционира како што треба, појасни Даштевски.


Од истата категорија