Претставникот на Алијансата за иднината на Косово Даут Харадинај изјави синоќа дека обвиненијата против претседателот на државата Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК во Хаг претставуваат „директен напад врз слободата на Косово“.
Според него, Тачи и Весели биле задолжени за Ослободителната војска на Косово и за „борбата за слобода“.
– Повикан како воен водач, повикани се луѓе од Генералштабот, не беа интервјуирани поради активно физичко учество, туку за одговорност, и во случајов мислам дека тоа е директен удар за слободата на Косово, не само на поединците, изјави Харадинај за телевизијата Клан Косова.
Учеството на Тачи и Весели, но и на оние чии имиња не се објавени „не беше ништо друго освен обид за ослободување“, тврди Харадинај и додаде дека „слободата на Косово е директно поврзана со воените водачи“.