Директорката на училиште во Флорида – Хоуп Караскила си поднесе оставка затоа што родителите сметаат дека лекцијата по ренесансна уметност, конкретно за „Давид“ од Микеланџело Буонароти е порнографија, пренесува „Гардијан“.

Директорката ја поднела оставката откако Управниот одбор на кампусот побарал од неа да го стори тоа затоа што родителите на учениците од шесто одделение се пожалиле бидејќи на час им била покажана скулптурата „Давид“ од Микеланџело, едно од најпознатите дела на ренесансната уметност, од шеснаесеттиот век.

Медиумите на Флорида пренесуваат дека родителите ја нарекле фотографијата од скулптурата „порнографија“.

Директорката Караскила изјавила дека според училиштниот протокол, наставниците ги известуваат родителите кога преку училишната програма на учениците им се покажува потенцијално контроверзна класична уметност. Сепак, додала, поради пропуст во комуникацијата, овојпат родителите не биле известени за лекцијата.

Родителите во жалбата посочиле дека „децата не треба да ги гледаат тие дела“.