ДАВИДОВИЌ-ДАКА, бизнис партнерот на СДСМ/ДУИ – руски играч на Балканот!?

/ 06.09.2020

Дака станува повторно актуелен после изборите во Црна Гора на кои победи опозицијата, пишува скопски Курир, пренесувајќи повеќе делови од текстови на балкански медиуми.

Аналитичарите од регионот тврдат дека Давидовиќ Дака како екстремен про-руски бизнисмен ги финансирал политичките противници на Мило Ѓукановиќ кои победија на последните избори и кои најверојатно ќе ја формираат следната влада.

Здравко Кривокапиќ, најверојатно идниот премиер е формален лидер на широката ултрадесна, некој ја нарекува Вучиќ, други Амфилохие коалиција, која на изборите настапи под името “За иднина на Црна Гора“. Вистинскиот шеф на коалицијата е Миодраг Дака Давидовиќ, за кого и самиот Кривокапиќ вели дека е најзаслужен за влез во политиката, пишува Ал Џезира балканс, вели во својата анализа Курир.мк.

Ал Џезира Балканс во својата анализа вели дека рбетот и главата на црквената коалиција е Дака Давидовиќ. Тој е човек кој бил воен министер на Караџиќ во Српската автономна област Херцеговина во време на војната во Босна и Херцеговина и кој со најголемо гадење зборувал за Европската Унија и европската цивилизација, се вели во анализата.

И аналитичарот Шеки Радончиќ тврди дека Русија, Белград и Српската православна црква помогнале да победат великосрпските интереси во Црна Гора. Главен финансиер, според Радониќ, на оваа коалиција е Дака Давидовиќ, бивш началник на Центарот за безбедност во Никшиќ кој во Македонија е поврзуван со огромна корупција.

Српскиот портал republika.rs тврди дека западните странски служби овој контроверзен бизнисмен го квалификуваат како соработник на руските служби.


Од истата категорија