Бројот на примени пациенти под сомнеж дека се заразени со коронавирус во последното деноноќие во болниците низ Њујорк, се зголемил за 136, а претходното деноноќие имало 129 приеми, изјави денеска градоначалникот Бил Де Бласио.

Според него, истовремено, бројот на пациенти приклучени на респиратори се намалил од 705 на 704, пренесе телевизијата NY1.

– На 14 април бројот на пациенти приклучени на овие апарати изнесувал 887, додека на 31 март во болнците биле примени 850 болни, така што овие бројки покажуваат дека има прогрес, кажа Де Бласио на денешниот редовен брифинг посветен на борбата против коронавирусот во Њујорк.

Во САД бројот на заразени од Ковид-19 за еден ден се зголемил за 29.515 луѓе, дознаваат од универзитетот „Џон Хопкинс“, додека во последните 24 часа починале 2.029 лица.

Во земјата моментално заболени се 1.070 032 лица, додека околу 62 илјади починале.