Италијанскиот фудбалерот за врска од редовите на Бока јуниорс, ветеранот Даниеле Де Роси, можеби ќе го напушти аргентинскиот клуб во јануари, пишува весникот „Ла Насион“.
„Ентузијазмот со кој беше примен Италијанецот, брзо исчезна. Навивачите се навикнаа да го гледаат на клупата за резерви, дури и на трибините“ – пишуваат Аргентинците.
Де Роси кој има 36 години, рече дека секогаш сакал да заигра за Бока, но откако дојде во клубот, одигра само 336 минути, и има дадено еден гол. Имаше неколку мускулни повреди, кои го спречија да игра почесто. Договорот му истекува следното лето, но и тој и клубот размислуваат за предвремена разделба.