Дарко Панчев, во интервју за „Вечерњи лист“ даде изјава со која го навлече гневот на голем број љубители на фудбалот во Хрватска.

Според Панчев, Лука Модриќ не само што не е најдобар фудбалер на екс-југословенските простори, туку не е најдобар ниту во историјата на Хрватска.

„Модриќ секако е голем играч, еден од најголемите на овие простори. Но, мислам дека не е најдобар хрватски фудбалер во историјата, а секако не е најдобар на сите времиња ниту на просторите на поранешна СФР Југославија“ – смета Панчев.

После оваа изјава, некои фанови коментираа дека „Кобрата“ не е во право, и го критикуваа.