Два објекта од Летните олимписки игри 2020 година во Токио, Јапонија, беа погодени од тајфунот Хагибис, соопшти прес-службата на организациониот комитет на Игрите.

– Искажуваме најдлабоко сочувство на семејствата на жртвите и на оние кои претрпеа повреди и штети.  Им посакуваме на сите брзо закрепнување. Што се однесува до објектите каде треба да се одржат Олимписките случувања, известени сме дека се оштетени привремени огради на градилиштата, вклучително и спортските центри „Ариаке“ и „Шиоказе“,информира организаторот на Олимпијадата 2020.

Сепак, сето ова лесно се обновува и нема да влијае на подготовките за Игрите. Нема простор за загриженост, додаваат надлежните.

Како последица од тајфунот, според последните извештаи, загинале 66 лица, а повеќе од 200 се повредени.