Репрезантацијата на Македонија е поразена со 39:29 од Франција во првиот натпревар од Европското првенство во ракомет што се одржува во Германија.

Избраниците на Кире Лазаров добро се држеа до средината на првото полувреме, кога водеа со 10:8. После тоа Французите нправија серија од 6:1 по што нашата игра се распадна, иако на полувреме се отиде со резултат 17:13 за Франција.

Во второто полувреме, Французите постепено ја зголемуваа предноста, иако е се има впечаток дека одиграа рутински, сигурни во својата победа, но штедејќи ги снагите.

Следниот натпревар го играме против Германија, која како домаќин е фавороти во овој натпревар, а за третото место во групата, кое не значи ништо, ќе се бориме со репрезентацијата на Швајцарија.

Во нашата екипа најефикасен беше Пешевски со седум голови, што му беше овозможено откако Лазаров ја примени играта со седум играчи во нападот, што придонесе да примими три голови на празен гол, но и полесна реализација во нападот. во одбраната с еистакна голамнот Митревски, кој имаше низа на одбрани и спречи оваа разлика од 10 голови да биде поголема.