Во Дебар синоќа се случи тројно убиство. Смртно се застрелани маж, неговата сопруга и нивната малолетна ќерка. Полициската станица од општа надлежност во Дебар за настанот добила дојава од граѓанин, по што била известена Општата болница. Екипа на итната медицинска помош веднаш приситгнала, но за жал лекарот само констатирал смрт.
Мотивите за тројното убиство се непознати.
Поради тежината на кривичното дело тоа е под надлежност на јавното обвинителство од Гостивар.
Дебар е потресен од тројното убиство кое се случило синоќа . Застрелани се тројца членови од семејството Поцеста, маж, неговата сопруга и малолетна ќерка.
Дебарскиот градоначалник, Ружди Љата за МИА, видно вознемирен изјави дека ваков трагичен настан не се случил во последниот век.
„Најпрво изразувам длабоко и искрено сочувство со најбилските на убиените. Навистина е жално, за што нема никакво оправдување. Ваква трагедија во нашиот град не се случил во изминатиот еден век“, рекол Љата.
Убиството според надлежните се случило во семејната куќа на убиените околу три часот по полноќ на 26 август а убиецот според портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Стефан Димоски , со пиштол најпрво, во спалната соба ги застрелал сопружниците А.П.(54) неговата сопруга Н.П. (54), а потоа и нивната четиринаесетгодишна ќерка.
Според него истрагата треба да ги утвди мотивите.
Според сознанија на граѓани на Дебар, пак, убиец е нивен роднина, зет за сестра на убиениот А.П., а причина била банална, расправија околу пат за проаѓање меѓу нивните две куќи.
Семејството на настараданиот, кое има уште две возрасни деца, живеело во Италија, а во Дебар било дојдено за летниот одмор. Возрасните деца пред некој ден си заминале за Италија, каде работеле, а настраданите останале поради веселба кај нивни блиски роднини, кои, неофицијално и ја известиле полицијата.
Откако не се најувале на телефонските повици роднините, синоќа, нешто пред 21 часот, влегле во куќата по што ја известиле полицијата.