Од вкупно 12 шефови на листи на партии во Франција, кои ќе се кандидираат за изборите за Европскиот парламент, само двајца од нив го поддржуваат влезот на Србија во ЕУ.
Прв пат од почетокот на кампањата во Франција за изборите за ЕП, кои ќе се одржат на 26 мај, 12 шефови на листите се најдоа на телевизијата Франс 2 во јавна дебата за различни актуелни политички прашања, меѓу кои и тоа за влез на Србија во ЕУ.
Само двајца кандидати се изјаснија за влез на Србија во ЕУ – Жан-Кристоф Лагард (Сојуз на демократи и независни) и Рафаел Гликсман од редовите на социјалистите.
Кандидати кои се противат на пристапот на Србија во ЕУ ги објаснуваат своите ставови со фактот дека ЕУ во моментов е погодена со разни проблеми и дека најмалку и треба нов бран на проширување.
Les douze têtes de liste votent en majorité contre l’adhésion de la Serbie à l’Union européenne (et les réactions sont houleuses) #LEmissionpolitique pic.twitter.com/dVC2g5v3bU
— France Inter (@franceinter) April 4, 2019