Американскиот Конгрес денеска испишува историја. Ова е првпат во својата модерна историја законодавното тело на САД да дискутира за поништување на резултати на едни претседателски избори.

Група републикански конгресмени денеска во Сенатот на броењето на сертифицираните гласови од секоја сојузна држава, обично прифатено како формална процедура, ја отфрлија победата на Џо Бајден во Аризона, сертифицирана со гласовите на електорите од изборниот колеџ.

Забелешката за изборите во Аризона не е единствена. Бидејќи постојат неколку забелешки, претставниците на Сенатот и Претставничкиот дом се вратија на своите места да дискутираат за ова.

За да се прифати секоја забелешка на сертифицирани избори во некој сојузна држава, потребно е да биде изгласана од секој дом одделно. Според еспертите тоа нема да биде возможно, така што победата на Бајден и неговиот потпретседател, Камала Харис, не е ставена во прашање, туку само се одложува формалната постапка на нејзино официјализирање.

Моментално, лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, се обраќа пред горинот дом. Тој претходно укажа дека овој говор ќе биде „најважниот и најодлучувачкиот во мојата кариера“.