Стотици илјадници луѓе се собраа овде, нека го прикажат тоа фејк медиумите“, порача на денешниот митинг пред Белата куќа американскиот претседател, Доналд Трамп.

Тој истакна дека медиумите се „најголем проблем“ и дека „изборите беа украден од страна на лажните медиуми“.

„На нашата земја и е доста од ова. Нема веќе да трпиме. Ќе ја сопреме кражбата“.

„Нема шанса дека Бајден освоил 84 милиони гласови. Доби 80 милиони компјутерски гласови, што е срамота. Државите од третиот свет имаат поправедни избори. Овие беа укрдени“, рече Трамп, додавајќи дека до 10 часот навечер на днеот на изборите с ебило во ред, тој водел со многу гласови, а потоа одеднаш, како што рече, почнаа „да се случуваат ср*ња“, што беше дочекано со одобрување од присутните.