Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати денеска пред илјадници протестанти на митингот со негови поддржувачи во Вашингтон, уште еднаш повторувајќи ја пораката дека изборите наводно биле украдени. 

За јавноста во Вашингтон, ова веројатно е конечниот обид на поразениот претседател да направи нешто околу наводната изборна измама, иствремено кога Конгресот денеска ја сертифицира победата на потивкандидатот Џо Бајден. 

Трамп се појави на сцената околу пладне и ги пофали присутните за тоа што нашле сили и време да дојдат „од сите агли на нашата голема земја“, за да слушнат дека и покрај  сите докази тој е победникот. 

-Никогаш нема да се предадеме, нема да отстапиме. Не се отстапува кога постои кражба, изјави Трамп. Тврдеше дека победата на Бајден е основана на фалсификувани гласови. 

-Ние ги добивме изборите, и тоа со со огромно мнозинство гласови. 

Во својот говор некои конгресмени републиканци тој ги нарече „слаби“ и „патетични“, затоа што не ги поддржуваат неговите напори за промена на изборните резултати. 

Трамп истакна дека тој се надева дека потпретседателот Мајк Пенс ќе го „блокира“ броењето на гласовите на електорите што денеска се случува в Конгресот, формална постапка за конечна официјализација на победата на Бајден од највисокот законодавно тело на САД. Уставот на земјата не му дава такви надлежноста на потпретседателот. 

-Се надевам дека Мајк ќе постапи правилно. Се надевам. Се надвеам затоашто ако Мајк Пенс постапи правилно, ние го добиваме овие избори, истакна Трамп.  

Додаде дека сѐ што „потпретседателот Пенс треба да направи е да ресертифициира и ние стануваме претседател и вие сте најсреѓните луѓе“.