Дебито на фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, на домашен терен на „Паркот на принцовите“ на натпреварот од француското првенство против Клермон е неизвесно, бидејќи еден од најдобрите играчи на сите времиња сè уште е со репрезентацијата на Аргентина.
Навивачите на ПСЖ се надеваат дека в сабота во тимот ќе можат заедно да ги поздрават Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но, засега, тоа е под знак прашање.
Меси и Нејмар и натаму се со репрезентациите на Аргентина и Бразил за натпреварите од јужноамериканските мундијалски квалификации и наскоро би требало да се вратат во Париз.
Јужноамериканското дерби меѓу Аргентина и Бразил минатата недела беше одложено поради кршење на ковид протоколите од страна на четворица аргентински репрезентативци.